Skip to main content

Пожар во кругот на инфективната болница во Белград

Едно лице загина во пожарот кој во текот на ноќта изби во станбена зграда во кругот на инфективната клиника во Белград, пренесува Радио телевизија Србија (РТС). Уште едно лице е пренесено во болница, а пожарот е изгаснат.

 |   | 

Итната помош добила повик во 36 минути по полноќ.

Една екипа згрижи еден пациент и го пренесе во Воено медицинската академија, а друга екипа остана на местото на пожарот за време на гаснењето и на крајот само констатиравме смрт на едно лице – изјави докторката Ивана Стефановиќ.

Засега не е позната причината за пожарот.

Сите станари во зградата каде избил пожарот, во која има 20 станови, се евакуирани. Во зградата живеат поранешни вработени во Клиничкиот центар Србија.