Мал чекор за лименката но голем за производителот на сокови. Вака потезот, на јапонскиот производител на пијалоци, го опишуваат на интернет страницата io9.com.
Компанијата Otsuka, имено, планира да прати лименка од својот пијалок на Месечината. Ако се се одвива според планот, тоа ќе биде прво праќање на некаков предмет во маркетиншки цели.
Otsuka на месечината ќе прати сад тежок 1 килограм, исполнет со напиток во прав и детски сништа. Дел од пратката ќе биде “капсула на сништата” на која на површината од титаниум ќе бидат изгравирани детски сништа.
Превозот на оваа пратка е закажан за октомври идната година, кога дел од вселената ќе биде допрена со реклама.
{loadposition content9}