Правото на абортус, повторно актуелно во САД
Десетици илјади граѓани се спротиставија на температурите под нулата во Вашингтон, за да излезат на традиционалниот марш против абортусот, кој се одржува на годишнината од судската пресуда со која во САД се легализираше оваа постапка.

– Не сме тука затоа што сме лути на Владата, тука сме затоа што сме полни со љубов, и покрај студот, сакаме да ја покажеме нашата љубов, изјави Кетрин Браун, учесничка во Маршот за живот.
Демонстрантите носеа големи слики од папата Франциско, како и претходните папи Јован Павле Втори и Бенедикт Шеснаесетти, пароли со кои се повикуваше децата да се даваат на посвојување, место да се абортираат, како и морничави фотографии од бебиња по извршен абортус.
“Одбери живот – и мајка ти го сторила истото”, “човечкиот живот почнува од зачнувањето”, “каде има љубов, таму има живот”, беа дел од паролите на демонстрантите.
Голем дел од демонстрантите се учениците и студентите на католичките средни училишта и факултети, кои организирано дојдоа да протестираат против судската одлука Ро против Вејд. Изгласана од страна на Врховниот суд во 1973 година, оваа пресуда им дозволи на лекарите да вршат абортуси врз жените, без да бидат соочени со кривично гонење, доколку абортусот е извршен во првото тромесечје на бременоста.
{loadposition content9}