Европската унија најавува дека од 1 септември ќе го забрани производството на правосмукалки кои имаат мотори посилни од 1.600 W. Целта е, како што велат, да се зголеми еколошката свест.
Но, како што се чини, на листата на забранети правосмукалки ќе се најдат пет од седум најпродавани правосмукалки, со оглед на тоа дека снагата ги преминува овие граници.
Оваа одлука, пишува Daily Mail, ги разлути производителите. Тие сметаат дека слабите правосмукалки нема да бидат енергетски ефектни, туку спротивно, нема да го постигнуваат посакуваниот ефект при чистењето. Со ова се сложуваат и останатите критичари и додаваат дека ќе се зголеми времетраењето на чистење а со тоа и ќе се изедначи потрошувачката на електрична енергија како со посилните правосмукалки.
ЕУ покрај ова, ги обврзува производителите да имаат енергетски налепници, со категорија за енергетски ефект од А до G. Налепниците ќе ја покажуваат потрошувачката на електрична енергија, квалитетот на чистење и степенот на испуштање на прашина. Тестирањето сепак се остава да го прават самите производители.
James Dyson, сопственик на фабрика за производство на правосмукалки, смета дека налепниците ќе даваат погрешна слика за квалитетот на производот. Имено, нема да содржат информација за вреќичките и филтрите кои сеуште некои модели ги користат. Иако неговата фабрика не произведува посилни правосмукалки од 1.400W, произведува модели на кои не им треба вреќичка, најавува дека ќе се обрати до Европскиот суд поради правни оценки за ваквата одлука.
{loadposition content9}