Skip to main content

Празноверие на кое многумина веруваат

Зошто се плашиме од петок 13, односно од бројот 13

 |  инфодеск  | 

Потковицата носи среќа, станување на лева нога носи несреќа, отворање чадор дома исто така не е добро, се само некои од празноверијата кои во поголема или помала мерка влијаат на животот, а во нив спаѓа и петок 13-ти, односно бројот 13.

Негативните конотации кои ги поврзуваме со бројот 13 влечат објаснувања од неколку теории. Една од нив влече корени од хритијанската традиција. Апостолот Јуда, кој го предал Исус, бил тринаесетти на Последната вечера.

Стравот од бројот 13 влече корени и од еден норвешки народен мит. Имено, 12 богови во Валхали имале вечера и забава, на која дошол 13-ти неповикан гостин, злиот и расипан Локи, кој влијаел слепиот бог на мракот со стрела да го погоди прекрасниот Балдер, богот на веселбата и задоволството.

Се верува дека негативни конотации на бројот 13 му се припишуваат бидејќи се наоѓа веднаш после 12, кој нумеролозите го сметаат за комплетен број. Годината има 12 месеци, 12 знаци има хороскопот, 12 богови на Олимп, 12 работници на Херкул, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус.

Поради сите овие факти чувството на страв од бројот 13 во светот не е занемарливо. Некои научници тврдат дека 80% од небодерите во светот немаат 13-ти кат, хотели и болници ширум светот немаат соба со број 13, а голем број на аеродроми во светот немаат излез број 13 на пистата.

Фобијата од петок 13-ти има стручен назив – Параскевидекатриафобиа. Името е изведено од грчките зборови параскеви (петок), декатриес (13) и фобиа (страв).

Во британската традиција петок бил вообичаен ден за бесење, а до бесилката имало 13 скали.

Во ноември 1970 на петок 13-ти, голема бура убила 300.000 луѓе и направила поплави кои убиле милион луѓе во делтата на Ганг.

Во 1993 година објавена е студија која споредувала број на сообраќајни несреќи на петок 13-ти со друг петок. Се покажало дека бројката е за 52% поголема на петок 13-ти. Сепак,  луѓето на тој ден се повнимателни и статистиките на осигурителните компании покажуваат благо опаѓање на несреќните случки на петок 13-ти, кој сам по себе е ден пред викенд со поголем проток на луѓе, случувања и алкохол, а со тоа и нужно зголемување на статистиката за зголемен број на несреќи.

{loadposition content9}