Skip to main content

Пред инаугурацијата на Трамп, биткоинот соборува рекорди

Биткоинот утрово, непосредно пред претседателската инаугурација на Доналд Трамп, достигна нова рекордна вредност од 109.333 долари.
 |  инфодеск  | 
bitcoin, cryptocurrency, digital, money, electronic, coin, virtual, cash, payment, currency, global, cryptography, bitcoin, bitcoin, bitcoin, bitcoin, bitcoin, cryptocurrency, money, money

Биткоинот утрово, непосредно пред претседателската инаугурација на Доналд Трамп, достигна нова рекордна вредност од 109.333 долари. Криптовалутата има скок 8 отсто во последните 5 дена, со покачување на нејзината вредност за над 8.000 долари.

„Од изборите, берзанските индекси пораснаа, а оптимизмот кај малите бизниси достигна рекордни 41 поен, највисоко ниво во последните 39 години. Биткоинот урива еден по друг рекорд“, изјави Трамп на неговото вчерашно обраќање.

Биткоинот ги поврати загубите од претходниот ден кога неговата вредност падна од над 102.000 долари во неделата на речиси 100.000 долари, откако првата дама Меланија Трамп издаде свој мемекоин, пренасочувајќи ја ликвидноста од поголемите средства. Трамп претходно најави реформи во регулациите на криптовалутите, а САД ќе биде „Крипто-центарот на светот“.