Skip to main content

Предвремени избори во Грција

Грчкиот премиер Костас Караманлис денеска од шефот на државата Каролос Папуљас се очекува да побара распуштање на парламентот, откако синоќа најави предвремени избори.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Грчкиот премиер Костас Караманлис денеска од шефот на државата Каролос Папуљас се очекува да побара распуштање на парламентот, откако синоќа најави предвремени избори.

Kostas KaramanlisОдлуката за распишување предвремени парламентарни избори, Караманлис ја образложи со тоа дека на државата и треба нов мандат за да излезе од економската криза.

Грчкиот премиер не објави датум за предвремените избиори, кои можат да се одржат еден месец по објавувањето.

Според некои најави, изборите би требало да се одржат на 4 октомври.

Четиригодишниот мандат на владата на Караманлис во нормални услови би завршил во 2011 година.

Грција е силно погодена од светската економската криза, особено во туризмот, бродоградбата и градежништвото.

{loadposition content9}