Skip to main content

Хуманитарни цели

Преговори на ОН за итен прекин на огнот

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на итен прекин на огнот за хуманитарни цели во Украина и за да се овозможи напредок во политичките преговори насочени кон постигнување мировен договор.
 |  инфодеск  | 
Антонио Гутереш

Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации денес изјави дека ќе почне да се бараат начини со Москва и Киев за хуманитарен прекин на огнот во Украина.

Но, да бидеме јасни. Решението за оваа хуманитарна трагедија не е хуманитарно, тоа е политички. Затоа, апелирам на итен хуманитарен прекин на огнот, за да се овозможи напредок во сериозни политички преговори, насочени кон постигнување мировен договор заснован на принципите на Повелбата на ОН – истакна Гутереш.

Антонио Гутереш
speacial event

Тој вели дека прекинот на непријателствата ќе овозможи да се испорача критична хуманитарна и ќе им овозможи на цивилите безбедно да се движат наоколу.

Тоа ќе спаси животи, ќе спречи страдање и ќе ги заштити цивилите – рече Гутереш.

Раководителот за организирање помош на ОН, Мартин Грифитс веќе оствари контакти, а Гутереш се надева дека тој ќе оди во Москва и Киев што е можно поскоро.

Војна во Украина

За еден месец војна, Русија и нанесе ужасни загуби и страдања на Украина. Цели населби беа бомбардирани, а цивили убивани, повредени и раселени. Опсадата и опкружувањето на клучните градови доведоа до недостиг на храна и вода, прекин на струја, недостиг на гориво и други проблеми за милиони граѓани.