Русија-Украина конфликт
Премиерите на Чешка, Полска и Словенија заминаа за Украина
Премиерите на Чешка, Полска и Словенија отпатуваа за Киев за да се сретнат со претседателот Володимир Зеленски како претставници на Европската унија, објави чешкиот премиер Петр Фиала на социјалните мрежи.
| Маја Савиќ | Свет
Премиерите на Чешка, Полска и Словенија отпатуваа за Киев за да се сретнат со претседателот Володимир Зеленски како претставници на Европската унија, објави чешкиот премиер Петр Фјала на социјалните мрежи.
Целта на посетата е да се потврди недвосмислената поддршка на целата Европска унија за суверенитетот и независноста на Украина – рече тој.Целта на оваа посета, како што додаде, е исто така е да се претстави широк пакет поддршка за Украина и Украинците.