Ако поради утврден недостаток на некој витамин одлучите да земете додатоци во исхраната, водете сметка да не ја преминете препорачаната доза на витамини. Би требало да се внимава и кога земате витамински препарати и разни додатоци во исхраната.
Витамин Ц – Недостатокот на витамин Ц предизвикува склоност кон инфекции, изразени вени, модринки, склоност кон крварење. Ова се знаците при недостаток на овој витамин, а недостатокот може да се јави при физички и психички напори, за време на бременост и доење и при инфекции. Недоволно внесување на витамин Ц може да доведе и до авитаминоза, што најчесто се случува кај децата, алкохоличарите и постарите лица. Овој витамин е важен бидејќи ја поттикнува работата на имунолошкиот систем во борбата против инфекциите и бактериите. Овошјето и зеленчукот се природни извори на Ц витамин.
Витамин Д – Кај недостатокот на витамин Д ќе се почуствуваат промени на коскеното ткиво. Кај децата се воочува рахитис, а кај возрасните доведува до остеопороза. Превентивно се дава на бебињата за време на првата година од животот, а кај остеопорозата витаминот Д се дава во комбинација со калциум поради намалувањето на калциумот во коските. Затоа се смета дека здравјето на коските зависи од овој витамин, бидејќи без него тие стануваат слаби, се виткаат и се кршат. Омалаксаност, слабост, засилено потење исто така можат да бидат знаци за недостаток на витемин Д.
Витамин Е – Дефицитот на витамин Е во организмот не е видлив со некои знаци, туку симптомите се воочливи во крвната слика, па така показател за недостаток на витамин Е е намалената количина на црвени крвни зрнца.
Витамини од групата Б – При недостаток на витамин Б1 симптомите се невролошки пречки, слабост и грчење на мускулите, губење на помнењето…Сомптомите можат да вклучуваат и губење на апетитот, раздразливост и пореметување на системот за варење. При потполн недостаток на Б1 доаѓа до болеста бери-бери.
Дефицитот на витаминот Б2 е видлив на аглите од усните, околу кои често се појавуваат рани и оштетување на кожата. Кога го нема доволно во организмот доаѓа до иритација на очите при изложување на светло. Очите се уморни и осетливи на светлост, тешкотии во зараснување на рана, алергиски реакции и воспаленија на кожата.
Дефицитот на витамин Б3 се одразува со многу знаци како што се слаби мускули, општ замор, губење на апетит, проблеми со варењето и различни промени на кожата.
Недостаток на витаминот Б6 се јавува кај дијабетичари, постари лица и бремени жени. Тој е поврзан со болести на бубрезите, грчеви на рацете и нозете, се јавува воспаление на кожата, раздразливост, несоница и анемија. Тоа е витаминот кој ја регулира промената на расположението, ПМС и бројни ментални растројства.
За здрава кожа, коса и нокти е заслужен витаминот Б7, па така неговиот недостаток предизвикува промени на кожата и косата.
Фоланата киселина или витаминот Б9 е важна за синтезата на ДНК. Дефицитарност се јавува кај жени кои земаат контрацепција, лицата со проблеми со варењето и кај алкохоличарите. Голем недостаток на фолна киселина доведува до мегалобластична анемија, која означува недоволен број на црвени крвни зрнца.
Б12 е исто така важен за производство на генетскиот материјал. Недостаток на овој витамин се јавува најчесто кај бремени жени и алкохоличари, а знаците се губење на тежината, болки во грбот и трнење на рацете и нозете.
{loadposition content9}