Skip to main content

Претседател кој ја дели својата плата

Помага на луѓе кои имаат тежок живот

 |  инфодеск  | 

Идниот претседател на Словачка, Андреј Киска, својата претседателска плата ќе ја дели на сиромашните Словаци кои се во тешка ситуација а државата не е во состојба да им помогне.

Мојот план е добротворните организации кои познаваат фамилии кои се борат против својата судбина, а државата не може да им помогне, да одберат неколку случаеви на кои ќе им се дели мојата плата“ рекол Киска на словачката агенција SITA.

Новиот претседател, кој на чело на државата ќе го замени Иван Гашпарович на кого мандатот му истекува на 15 јуни, е богат бизнисмен и филантроп а хуманитарната организација „Добар ангел“ која ја основал им помага на луѓето во Словачка и Чешка кои се во потешкотии поради болести.

Платата на словачкиот претседател, со сите додатоци, достигнува околу 8.000 евра.

Киска најверојатно нема да се всели во резиденцијалната вила на словачките претседатели, бидејќи неговата фамилија останува во Попрад, а неговата сопруга ќе се појавува со Киска само кога е тоа неопходно да го следи според протоколот.

„За среќа финансиски сум обезбеден и живеењето за мене не е проблем. Сепак мислам дека шефот на државата би требало да има своја резиденција која ќе може да ја користи во репрезентативни цели како во останатите држави“, рекол Киска.

Киска не е прв претседател во Средна Европа кој се одрекува од платата, бидејќи и претседателот на соседната Чешка, Милош Земан, дава месечно 2.400 евра, што е една третина од неговата плата, за отплаќање на државниот долг на Чешка.

{loadposition content9}