Skip to main content

Ќе преживее ли човештвото?

Луѓето толку многу ја смениле планетата што нивното истребување е сосема реална можност доколку продолжат „по старо“, пишува „Хафингтон пост“.

 |  Голабовски Крсте  | 
mumbai
мумбаи

Луѓето толку многу ја смениле планетата што нивното истребување е сосема реална можност доколку продолжат „по старо“, пишува „Хафингтон пост“.

tatko i sinМеѓутоа, ако најдеме начин да формираме одржлив систем, некои делови од човечката цивилизација би можеле да станат квазибесмртни, тврди еден научник. Предизвикот лежи во заедничкиот општествен фокус и прифаќањето на одговорноста дека човештвото игра клучна улога во обликувањето на судбината на планетата, наместо да реагира на одделни моментни кризи и краткорочни цели.

„Нашата цивилизација би можела да стане нов ентитет на планетата, кој долгорочно ќе живее пријатно и ќе ги развива технологиите што ќе го овозможуваат тоа“, кажал Дејвид Х. Гринспун, антрополог на Конгресната библиотека, на годишниот состанок на Американската геофизичка унија.

Но не мислат сите дека долгорочната перспектива е можна или дека е можно да се спречи пропаста на Земјата. Всушност, еден астроном тврди дека луѓето се „програмирани“ да живеат за моментот.

Во последните 4,5 милијарди години, Земјата ја обликувале природни катастрофи и биолошки сили како развојот на цијанобактериите, кои ја создале атмосферата богата со кислород. Меѓутоа, во сегашната епоха луѓето се тие што ја менуваат планетата.
astronauti„Земјата стана непрепознатлива во однос на времето кога ја обликувале природните сили“, вели Гринспун.

Уништувањето на средината, неконтролираниот раст на популацијата, глобалното загревање и другите предизвици на современата цивилизација претставуваат ризик за луѓето. Проблемот е во тоа што луѓето, иако ја менуваат планетата, не го прават тоа ниту свесно ниту контролирано. Цивилизацијата е на крстопат, тврди Гринспун. Ако глобалното загревање и сличните феномени продолжат да дејствуваат, човештвото ќе изумре.

Меѓутоа, ако хомосапиенсот ги надмине тие предизвици, луѓето што ќе преживеат би можеле да изградат долговечна цивилизација, потрајна од која било во минатото. Всушност, цивилизациите би можеле да траат неколку илјади години, или дури стотици илјади и милиони години, во зависност од тоа колку се спремни да прифатат поинаков начин на функционирање.

„Дури и кога мал дел од луѓето би успеале да преживеат, би можеле да станат квазибесмртни“, тврди тој.

Добрата е вест е што луѓето во моментов се обидуваат да ја обликуваат планетата на иднината. На пример, државите свесно преземаат акции за намалување на дупката во озонската обвивка и намалување на емисиите на јаглерод диоксид, а бараат и начини за спречување на ударите од астероиди. Во иднина општествата можеби ќе научат како да ги спречат идните ледени доби или дури да го продолжат животниот век на Земјата кога Сонцето ќе се претвори во црвен џин.

За да имаме надеж за преживување, треба внимателно да ги користиме технологиите. Човештвото треба да ги смени краткорочните погледи на нашето влијание врз Земјата во повеќегенерациска перспектива и свесно да ја прифати клучната улога во судбината на планетата.
За некои луѓе тоа може да биде голема промена, вклучувајќи ги тука и научниците, кои се навикнати луѓето да ги гледаат како „прашина“ во бесконечноста на вселената, и еколозите, кои го осудуваат човештвото за уништувањето на Земјата. Гринспун смета дека таквите ставови се контрапродуктивни.

„Ние мора да бидеме центарот на приказната“, вели Гринспун.

Цивилизацијата е на крстопат, смета и Сет Шостак, астроном на институтот СЕТИ во Калифорнија.

„На крајот, или треба да ја стабилизирате популацијата и да најдете начин да рециклирате сѐ што употребувате, или мора да најдете сосема нов начин да преживеете, како заминување на друга планета или барем користење на нивните рудни богатства“.

Меѓутоа, Шостак смета дека не е баш разумно да се очекува дека човештвото ќе најде долгорочни цели.

„Луѓето се програмирани да се грижат за моменталните проблеми“, изјавил тој за списанието Лајв сајенс. Не е секогаш ниту можно да се има долгорочна перспектива.

На пример кога Лондон бил прекриен со густ отровен смог поради греењето на домаќинствата на јаглен во седумдесеттите години од 19 век, никој не можел да најде решение. Тогаш почнале да се користат други извори на топлина и проблемот се решил сам.
„Најчесто не можете да видите што се наоѓа токму зад аголот“, вели Шостак.

{loadposition content9}