Сите корисници на социјалните мрежи кои се имаат логирано на телефонот или на друг уред, мораат да знаат дека при пристапувањето на други страници преку Facebook голема е можноста да бидат следени.
Компанијата на овој начин собира податоци за своите корисници и им пласира огласи и реклами во склад со нивните интересирања, а врз основа на сурфањето.
“Ние ги собираме сите информации кога корисникот ќе кликне “like” или ако се логира некаде по пат на Facebook”, изјавиле од компанијата.
Компанијата Facebook пред седум години вети дека нема да го користи копчето “like” и “share” за следење на корисниците, меѓутоа набрзо ја сменија приказната. Тие сега, покрај овие две копчиња го користат и “log in with Facebook” со кое врз таа основа собираат податоци и ги пласираат соодветните огласи и реклами.
Доколку ви се случува на Facebook да се појават огласи за работи кои сте ги пребарувале пред неколку минути, тогаш со сигурност може да се знае дека ве следат.