Skip to main content

Принудни одмори во италијанскиот “Фиат“

Автомобилската компанија “Фиат“ ги затвори повеќето фабрики во Италија на еден месец, и испрати речиси 50 илјади работници на продолжен одмор поради падот на побарувачката на нови автомобили, пренесуваат агенциите.

 |  Крсте Голабовски  | 
Fiat logo
Фиат лого
Автомобилската компанија “Фиат“ ги затвори повеќето фабрики во Италија на еден месец, и испрати речиси 50 илјади работници на продолжен одмор поради падот на побарувачката на нови автомобили, пренесуваат агенциите.

Фабриките ќе бидат затворени до средината на јануари, а оваа мерка се однесува на 14 од 20 фабрики на “Фиат“ во Италија и на 48 илјади фабрички работници на “Фиат“.

Fiat fabrikaКомпанијата, во матичната држава, има околу 80 илјади работници. Дел од платите во текот на принудниот одмор на работниците ќе им плаќа италијанската Влада.

Производителот на автомобили од Торино, есенва, испрати работници на одмор, но досега немало вака долг прекин на производството.

Продажбата на автомобили во ЕУ, во ноември, опадна за 26 проценти, а во Италија падот изнесуваше 30 проценти.

 

 

{loadposition content9}