Црниот дроб ја чисти крвта од отрови, ги чува витамините и железото, ги разградува хормоните и го оддржува нивото на гликоза во крвта. Затоа ви претставуваме попис на намирници кои проверено ја чистат најголемата жлезда на човечкото тело од хемиски загадувачи како тешките лекови, алкохолот и масната храна.
–Лук – Овој природен антибиотик е преполн со сулфур кој ја поттикнува работата на ензимите од црниот дроб и така му помага на телото да ги лачи отровите. Лукот исто така има алицин и селен кои се природни чистачи на црниот дроб.
–Овошје богато со С-витамин – Лимонот, лиметата и грејпфрутот се сојузници во процесот на чистење на црниот дроб. Тие содржат високи концентрации на С-витамин кој ја стимулира работата на црниот дроб. Во грејпфрутот се наоѓа и соединението glutation кој е извонреден чистач на најголемата жлезда во телото.
–Зелка – Слободно, покрај свежата, ставете ја и киселата зелка во овој попис бидејќи оваа зељеста намирница е одличен чистач на црниот дроб.
–Јаболко – Не заборавајте дека јаболкото е богат извор на пектин и на други есенцијални елементи кои се заслужни за исфрлање на отровите од телото низ дигестивниот тракт.
–Зелен зеленчук – Јадете спанаќ, блитва и друг зеленчук кој е богат со хлорофил бидејќи тој ги неутрализира тешките метали, пестициди и хемикалии кои ја успоруваат работата на црниот дроб.
–Цвекло и морков – Припремете салата, супа или вкусно предјадење од овие коренести зеленчуци, бидејќи се преполни со растителни флавониди и бета каротен кои ја подобруваат работата на црниот дроб.
–Аспарагус – Овој зеленчук е одличен помагач при варење на храната и содржи супстанции идеални за природна детоксикација на организмот, а особено на црниот дроб и бубрезите.
–Ореви – Овие плодови содржат аминокиселини кои му помагаат на црниот дроб да се ослободи од амонијакот.
–Маслиново масло – Не се откажувајте од маснотиите, но изберете здрави извори како што е маслиновото масло, кое на телото му овозможува база за апсорбција на штетните супстанции во телото и нивно исфрлање од организмот.
–Зелен чај – Од време на време практикувајте чистење на организмот со помош на чаша зелен чај. Тој здрав пијалок е преполн со антиоксиданти кој го засилуваат имунитетот и го штитат организмот од разни болести.
{loadposition content9}