Apple за 9-ти март најави конференција за новинари на која најмногу ќе се зборува за нивниот паметен часовник кој во продажба би требало да се појави во април. Иако Tim Cook часовникот го претстави во септември, од оваа компанија до денес не објавија додатни информации за нивниот нов гаџет, но како што се ближи времето за почетокот на продажбата на некои портали се објавени гласини околу опциите кои ќе ги има овој уред. Bloomberg, повикувајќи се на неименувани извори, објавиле дека Apple веќе некое време во својата тајна соба во која нема мобилен сигнал и е забрането да се внесуваат телефони и дигитални уреди, со претставниците на одреден број компании како Facebook работи на развојот на апликациите за овој часовник.
На екипата од оваа компанија им е јасно дека, освен хардверот, за успех на паметниот часовник ќе биде изнимно важен и софтверот, односно апликациите, па така веќе сега активно соработуваат со програмери на некои популарни апликации како што е Facebook за да при претставувањето тие работат совршено.
Што се однесува до апликациите,на самиот часовник ќе бидат инсталирани апликациите на Apple како календар, мапи, часовник, музика, апликација за мерење на отчукување на срцето, времетраењето на батеријата и слично, а секако ќе бидат достапни и апликации како Facebook, Twitter и други. На AppleWatch ќе може да се вчитува музика од iPhone и да се репродуцира на надворешни звучници со кои овој уред ќе биде поврзан бежично.
Лицата кои имале прилика да го пробаат велат дека тој е лагоден и брз за користење, но би можело да има проблеми ако се инсталираат премногу апликации, поради кои би се успорило работењето на уредот.
Сите овие информации Tim Cook би требало да ги повтори на конференцијата и да се дознае точниот датум за почетокот на продажбата а се очекуваат и детали за цените на поединечни модели.
{loadposition content9}