Притвор за жена во Хрватска поради закани за убиство на членовите на кризниот штаб
Полицијата во хрватскиот град Пула уапсила 61-годишна жена која преку СМС пораки се заканувала дека ќе ги убие членовите на Националниот штаб за цивилна заштита. Истражен судија, според соопштението на полицијата, на жената и изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.

Полициски службеници утврдиле дека жената на 17 ноември испратила заканувачка СМС порака на мобилниот број на член на хрватскиот штаб за цивилна заштита во Хрватска. Во кривичната истрага, утврдено е дека освен таа заканувачка порака, осомничената, незадоволна од решенијата на Националниот штаб за цивилна заштита, од 1 октомври до 5 ноември испратила три пораки, кои, според полицијата, „предизвикале голема вознемиреност и страв за нивната лична безбедност“.