Ќе признае ли Обама дека не посетиле вонземјани?
Во Белата куќа се врати Џон Подеста, шефот на персоналот за време на вториот мандат на Бил Клинтон, кој, сепак, во вториот мандат на актуелниот американски претседател Барак Обама нема да се занимава со секс-скандали, туку можеби со вонземјани.

Според американските медиуми Подеста можеби ќе работи на подготовка на објавувањето на информациите што Владата на САД ги има за вонземски живот, за што овој вашингтонски инсајдер неколку пати има зборувано во јавноста. Уште во 2002 година Подеста спомена дека треба да се објават одредени информации за таканаречената Област 51, а во меѓувреме напиша и предговор за книга што се занимава со феноменот на НЛО.
Подеста во врска со своето враќање во Белата куќа на Твитер загадочно прокоментирал „Вистината е таму некаде“ (The truth is out there), што е – како што знаат обожавателите – мотото на популарната научнофантастична серија „Досиеја икс“.
Затоа веќе почнаа шпекулациите дека Белата куќа до крајот на вториот мандат на Обама би можела и официјално да ги запознае американската и светската јавност со докази за постоењето на живот надвор од Земјата. Во меѓувреме, ЦИА призна дека областа 51 постои и тоа одговарајќи на барање од универзитетот Џорџ Вашингтон според Законот за слободен пристап до информациите.
{loadposition content9}