Признавањето на Косово од Македонија и Црна Гора паметен дипломатски потег или не?
Признавањето на Косово како независна држава од неговите соседи Македонија и Црна Гора претставува значаен психолошки момент за Приштина, кое во исто време носи и практична корист за новата држава на Балканот.
| Крсте Голабовски | Свет
karta Kosovo
Признавањето на Косово како независна држава од неговите соседи Македонија и Црна Гора претставува значаен психолошки момент за Приштина, кое во исто време носи и практична корист за новата држава на Балканот.
Прифаќањето на косовската независоност од уште две земји од просторот на поранешна СФРЈ, може да го елиминира застојот во процесот на признавање, по отцепувањето на поранешната покраина на Србија, во февруари оваа година.
Сега само уште Босна и Херцеговина од поранешните југословенски републики го нема признаено Косово како независна држава и дел од новата балканска реалност.
За западот,одлуката на Македонија и Црна Гора е нивниот придонес за стабилизација на состојбите во западен Балкан, додека за Србија,како што се вели во реакцијата на министерот за надворешни работи Вук Јеремиќ, таквиот чекор претставува “опасност за регионот”.
Владата на Србија донела одлука да ги врати амбасадорите на Србија во сите држави од кои се повикани на консултации во Белград, со цел да се продолжи дипломатската активност заради зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, соопшти владината прес-служба во Белград.
Српската Влада ја донела таа одлука на вчерашната седница.
Министерството за надворешни работи исто така предложи измена на Акцискиот план за Косово, имајќи предвид дека Генералното собрание на ОН усвои резолуција, со која од Меѓународниот суд на правдата се бара советодавно мислење за тоа дали едностраното прогласување на Косово е во согласност со меѓународното право.