Skip to main content

Признавањето за еболата стигна во јавноста

Состојбата е полоша отколку што се мислеше

 |  инфодеск  | 

Луѓето од светската здравствена организација (WHO), кои се борат против епидемијата  на ебола во западна Африка, имаат докази дека известувањата за бројките на заразени и починати го потценуваат размерот на епидемијата, рекла WHO на својата интернет страница.

Бројот на починати во најголемата светска епидемија на ебола во средата била 1069 од 1975 потврдени, веројатно и сомнителни случаеви, рекла WHO.

Признавањето на организацијата дека состојбата е полоша од тоа што се мислеше би можело да ги поттикне владите и хуманитарните организации да превземат посилни мерки во борбата против вирусот. Еболата е една од најсмртомносните болести и ги убива повеќето заразени.

“WHO ги координира зајакнувањето на меѓународната реакција распоредувајќи поддршка на поедини земји, агенцијата за контрола на болести, агенцијата во рамките на ОН и други”

Здравствените експерти велат дека владините реакции на болеста треба да се така координиррани за да спречат ширење на болеста при тоа да се избегнуваат мерки кои би поттикнале паника или непотребна штета на стопанствата.

{loadposition content9}