Продадена зградата на Европската комисија
Белгија за 640 милиони евра ја продала зградата „Берлајмон“, во која е сместено седиштето на Европската комисија и на компаниите „БНП Парибас Фортис Банк“ и „АГ осигурување“.
Белгија за 640 милиони евра ја продала зградата „Берлајмон“, во која е сместено седиштето на Европската комисија и на компаниите „БНП Парибас Фортис Банк“ и „АГ осигурување“.
Големата деловна зграда „Берлајмон“ доминирала во областа Шуман во Брисел, каде се наоѓаат бројни институции на Европската унија.
Економскиот весник “Ехо“ пишува дека зградата е изградена во 60-тите години од минатиот век како симбол на европската моќ и дека Белгија и’ го издала објектот на Европската комисија во 2004-та година за 553 милиони евра на користење во следните 27 години.
Весникот наведува дека „БНП Парибас Фортис“ и „АГ осигурување“ на Белгија ќе и’ платат 636 милиони евра за преостанатите 18 години.
По истекот на договорот, Европската комисија ќе има можност да ја откупи зградата доколку компаниите изнесат поволна понуда.
Продажбата на оваа зграда значи дека вкупниот државен долг на Белгија ќе падне под 100 отсто, што е подобрување кое ќе биде поздравено од Европската комисија, но тоа и понатаму е далеку над дозволените 60 отсто.
{loadposition content9}