Спортски и фитнес тренери, физиотерапеути, регистрирани медицински сестри, и масери. Училишни психолози, професори по музика, негователки во градинки и логопеди. Лични финансиски планери, возачи и приватни детективи. Ова се професиите кои до 2020 година ќе бидат најмногу барани на берзата на трудот, пишува Forbes.
Се очекува дека овие професии ќе вработат и до 20% повеќе луѓе во САД, до 2020 година. Што е заедничко во сите овие професии?
Заедничка линија им е емпатијата, односно способноста за соживување во емоционалната состојба на друго лице и разбирање на неговата положба (на пример страдање или загрозеност) на основа на перцепирана или замислена ситуација во која другото лице се наоѓа.
Емпатијата е основен предуслов на општественоста т.е социјализацијата. Во денешниот дигитален свет технологијата ги превзема работите кои некогаш ги вршеле нашите родители или баби и дедовци.
Разговор лице в лице со некој што ви е важен и вистински разговор со вистинска личност не може да ја замени ниту една машина.
Кога се наоѓате во теретана ќе видите дека личните тренери со своите клиенти освен сувопарното вежбање, разговараат за стрес, ги фалат за враќањето во форма и можеби понекогаш и ласкаат. Се поврзуваат со своите клиенти на начин да ги мотивираат а по некое време клиентите се враќаат во теретаната затоа што сакаат да поминат некое време со пријател и да го почувствуваат неговото почитување.
Истата приказна е во образованието и здравствената нега, рестораните и баровите. Келнерите, куварите и бармените бележат пораст на вработувањето во САД од 16%.
Што повеќе време поминуваме во бездушниот и автоматизиран технолошки свет, тоа повеќе ќе го цениме безначајниот разговор со персоналот и келнерите и ќе плаќаме повеќе за дружење со лица кои се способни да разговараат.
{loadposition content9}