Skip to main content

Прогласен прекин на огнот меѓу Израел и Иран

Конечно прогласен крај на 12-дневна војна.
 |  инфодеск  | 
jerusalem, israel, mosque, jerusalem, jerusalem, jerusalem, jerusalem, jerusalem, israel, israel

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека е договорено „целосно“ примирје во конфликтот меѓу Израел и Иран, кое треба да стапи на сила во фази, потенцијално ставајќи крај на она што тој го нарече „12-дневна војна“.Трамп изјави дека примирјето ќе се спроведува во фази во текот на 24 часа, и потоа Војната ќе се смета за завршена.

Израелската влада потврди дека го прифатила предлогот за примирје претставен од Доналд Трамп, но истакна дека жестоко ќе одговори на секое негово кршење.

-Израелската влада се согласи со предлогот за прекин на огнот откако ги постигна целите на нападите врз Иран. Ја отстранивме двојната непосредна егзистенцијална закана од Иран, од нуклеарното оружје и балистичките ракети, му нанесовме сериозна штета на военото раководство и уништивме десетици цели на централната иранска влада, стои во соопштението на израелската влада.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја се согласила на прекин на огнот со Иран во координација со американскиот претседател Трамп.

-Израел ќе одговори силно на секое кршење на прекинот на огнот, изјави Нетанјаху.