Имено, Холандската компанија E-joint BV го смислила и произвела првиот електронски џоинт на светот. Спрема пишувањето на весникот Corriere della Sera , станува збор за еднократен производ наменет за забави, концерти, барови, клубови и други слични собири.
Моментално се произведуваат 10.000 еднократни електронски џоинти дневно, кои можат да се купат ширум Холандија во киосците и продавниците за тутун, но наскоро и во остатокот од Европа.
Сличен е на вистинскиот џоинт по дизајн, Е-Njoint е потполно легален бидејќи не содржи психоактивна супстанца THC, ниту тутун а ниту никотин. Се продава по цена од 9 евра во шест различни вкусови. Фирмата E-Njoint BV планира во иднина да произведеи вистински електронски џоинт кој ќе се полни со течен канабис.
Во преговори е со израелската компанија Ticun Olam, која се занимава со одгледување на терапевтски канабис, за производот да стане медицинско помагало, наменето за пациенти во терминална фаза на болеста.
“Холандија е позната во светот како толерантна и либерална земја во поглед на лесни дроги, а воведувањето на новиот производ претставува јасна порака: се е ок додека не пречите и не загрозувате други и останувате во рамките на законски пропишаните правила”, рекол генералниот директор на компанијата. “Ова е сон за секој производител. Продажбата се одвива со брзина на светлината и без реклами. Никој не треба да се грижи бидејќи она што ние го работиме не е криминал”, додал тој.
{loadposition content9}