Производи кои се забранети во поедини земји
Киндер јајцата се забранети во САД
Можеби за ова не сте размислувале, но поедини производи кои секојдневно се околу нас, во поедини земји се забранети поради разни регулативи.
Издвојуваме неколку интерсни случаи кои ги објави BuzzFeed.
-Во училишните ресторани во Франција воведени се рестрикции за кечап.
-Киндер јајцата не смеат да се продаваат во САД поради регулативата спрема која во прехранбени производи не смеат во себе да содржат предмети.
-Видео играта Grand Theft Auto е забранета во Обединетите Арапски Емирати затоа што содржи призори на насилство, секс и дрога.
-Во Јапонија никој не поседува пушка бидејќи тоа е забранет производ.
-Гумата за џвакање е забранета во Сингапур поради оддржување на јавната хигиена а јавните површини да останат чисти. Сепак можат да се добијат на лекарски рецепт со намена за одржување на оралната хигиена.
-Гана ги забранува употребените фрижидери поради енергетска ефикасност.
-Помагалата за одење на малите деца се забранети во Канада од безбедносни причини.
{loadposition content9}


