Вљубеноста не ги активира само пеперутките во стомакот туку делува подобро и од лекови за болки…
Ви откриваме десет фасцинантни промени во телото кои се активираат со вљубеноста.
Мозокот ја менува активноста во дел од секунда – Љубовта на прв поглед најчесто звучи како клише или добро избрендиран наслов на холивудски филм, меѓутоа, во прилог на веродостојноста на првиот чекор на вљубување ни доаѓа најновото истражување. Имено, љубовта активира дури 12 подрачја на мозокот, и исходот е чувство на вљубеност веќе во петтата секунда.
Срцето го успорува својот ритам – Вљубеноста влијае на нивото на хормони, што резултира со успорување на крвниот притисок и чукањето на срцето.
Губење на сон – Резултатите од истражувањето покажале дека човек во период на вљубеност губи околу еден час спиење. Причина за тоа е размислувањето за саканата личност.
Болките во телото попуштаат – Љубовта во мозокот ги активира истите рецептори кои служат за делување на лековите против болка.
Сенилност – За време на вљубеност во мозокот доаѓа до ослободување на окситоцин – љубовен хормон, кој ја блокира меморијата за памтење. Резултатот е отсутност и заборавеност.
Љубомора – Ситуации во кои не можете да се контролирате кога саканата личност ќе ја видите во разговор со друга личност се први знаци за заљубеност. Имено, докажано е дека љубовта влијае на нашето чувство за заштита на саканата личност, или со други зборови се активира љубомората.
Храната е послатка – Во текот на истражувањето учествувале заљубени студенти и задача им била да пробаат различни намирници и да го оценат вкусот. Резултатите биле крајно неочекувани. Сите се сложиле дека храната и пијалокот кои го јаделе има сладок вкус.
Губење на концентрација – Несвесното размислување за партнерот ги нарушува работните вештини, а истражувањето покажало дека за време на вљубеност лицата се слабо фокусирани на извршување на задачите.
Гласот станува повисок и потенок
Коските зајакнуваат
{loadposition content9}