Двајца мажи од Полска тврдат дека го пронашле одамна исчезнатиот воз кој е наводно полн со злато, скапоцени камења и оружје. Возот исчезнал недалеку од градот Вроцлав во 1945 година во момент кога му се приближувале советските сили, пишува The Guardian
Една адвокатска компанија вели дека и порано се обратиле споменатите двајца мажи и дека сакаат 10% од вкупната вредност која се наоѓа во возот.
Возот наводно исчезнал недалеку од замокот Ксиаз во Валбрцих чии локални функционери велат дека се скептични, но и дека ќе проверат за што се работи.
На ова потенцијално откритие моментално работат адвокати, војската, полицијата и пожарникарите. Имено, на тоа подрачје никогаш не се вршеле поголеми ископувања па не се знае што ги очекува.
Навистина постои можност дека е пронајден возот бидејќи некои веруваат дека во 1945 година тој е скриен во еден од неброените тунели кои нацистите ги изградиле на тоа подрачје, а можно е дека тој се наоѓа во подземниот тунел каде постои опасност од насобран метан што би можел да предизвика експлозии.
Во возот наводно се наоѓаат околу 300 тони злато.