Пред Мајкл Џордан, најпознат кошаркар бил Чак Тејлор и овој спортист од Индијана е првиот кој го дал својот потпис на Converse All Stars кога се претставени во 1917 година.
Од тогаш до сега многу работи се променети, но не и тој модел. Барем не досега.
Патиките кои биле омилен дел од облеката на многу прославени личности – од Вит Чембрлен до Курт Кобејн – ќе изгледаат слично на претходните, но овој пат во внатрешноста ќе се поставува Nike Lunarlon пена (Converse е во сопственост на Nike од 2003 година).
Ова е прв голем редизајн на “старките” за време на 98-годишното постоење, а би требало овие патики да ги направат поудобни.
Nike го дизајнираше lunaron со цел да го ублажи ударот на табаните и се наоѓа во многу патики на оваа компанија.
Редизајнираните патики ќе се најдат на пазарот во Америка кон крајот на овој месец.