Во главниот град на Албанија, Тирана вчера имаше сериозни нереди. Илјадници опозициски демонстранти се судрија со полицијата и фрлаа молотови коктели врз владините згради. Полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата.
Пред седиштето на владеачката Социјалистичка партија демонстрантите запалија плакат со ликот на премиерот Еди Рама и извикуваа „долу диктатурата“. Протестите продолжија пред МВР и пред седиштето на градоначалникот на Тирана, кој доаѓа од владејачката партија. Според официјалните податоци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата повредени се десет полицајци.
Демонстрантите ја обвинуваат владејачката Социјалистичка партија на Рама за корупција, непотизам, изборна кражба, влијание врз судството и обиди да се замолчи опозицијата.
Еди Рама е премиер на Албанија од 2013 година и победи на три последователни избори.