Skip to main content

Проверки кои откриваат дали медот е природен или лажен

Лесната достапност на пазарот често во го доведува во прашање квалитетот на медот

 |  инфодеск  | 

Иако само со детална анализа е возможно да се провери вистинскиот состав на медот, сепак постојат и некои проверки кои помагаат да се одреди потеклото на овој најприроден извор на здравјето.

Читање на составот на етикетата на теглата мед е првиот чекор кој помага во изборот на квалитетен мед кој во себе не содржи адитиви. Производителите мораат да го назначат тоа на етикетата и неговиот процент во количината.

Природниот мед не е леплив, а тестирањето е возможно доколку малку мед го протриете меѓу прстите. Вистинскиот мед би требало да се впие во кожата. Доколку масата со триењето стане леплива, тоа значи дека тој мед содржи шеќер или вештачки засладувачи.

Две лажици мед ставете во сад и загрејте ги на висока температура. Вистинскиот мед ќе се карамелизира, додека лажниот ќе се запени и ќе биде преполн со меурчиња.

Две капки мед на хартиено шамивче исто така ја открива чистотата на составот. Имено, доколку медот е чист некое време воопшто нема да пробие низ шамивчето. Во спротивно, оној кој содржи вода ќе го пробие шамивчето веднаш.

Трик со кој се служат пчелите за одбрана од несакани гости во својата кошница. Едноставно ставете малку мед во близина на мравки и доколку е вистински тие ќе го заобиколат.

Вода измешана со чист мед е најдобриот индикатор дека медот е вистински. Чистиот мед ќе се згрутчи и ќе падне на дното, додека лажниот ќе се истопи.

Боцкањето во устата и чувството на воспаленост на јазикот го предизвикува чистиот мед, додека лажниот нема никакво влијание на непцата и јазикот.

Чистиот мед по одредено врме се кристализира, додека лажниот го задржува течниот состав и по подолго време.

{loadposition content9}