Инфекција
Прв случај на мајмунски сипаници во Грција
Грчката Национална здравствена агенција соопшти дека пациентот во моментов се наоѓа во болница и е во стабилна состојба.
Во Грција е регистриран прв случај на инфекција со вирусот на мајмунска сипаница, покажуваат првичните резултати на националната здравствена агенција ЕОДИ.
Пациент во Грција, каде што е регистриран вирусот на мајмунски сипаници, неодамна отпатувал во Португалија, пренесува „Ројтерс“.
Пациентот е во болница и е во стабилна состојба, соопшти грчката Национална здравствена агенција.


