Skip to main content

Еднократен паричен износ

Кочовски : Првачињата да добијат по 2000 ден

Предлог – Одлука со која на сите првачиња во ООУ “Страшо Пинџур” Вевчани ќе им се додели еднократен паричен износ во висина од 2000 денари.
 |  инфодеск  | 
Првачиња Вевчани

По повод почетокот на новата учебна година, градоначалникот Спасе Кочовски до Советот на општина Вевчани ќе предложи, Предлог – Одлука со која на сите запишани ученици во прво одделение во ООУ “Страшо Пинџур” Вевчани ќе им се додели еднократен паричен износ во висина од 2000 денари од буџетот на општина Вевчани.

Воедно, на сите ученици им посакувам успешна учебна година, напиша Кочовски на официјалниот фејсбук профил.