Извршниот директор на Twitter, Dick Costolo, поднесе оставка поради спориот раст на бројот на корисници и приходите од огласување во однос на конкуренцијата, а привремено на таа должност ќе биде соосновачот на таа социјална мрежа Jack Dorsey.
Costolo на конференцијата за медиуми рекол дека сам одлучил да поднесе оставка и дека за местото извршен директор ќе се бараат кандидати од самата компанија, но и од надвор.
Спрема проценките на компанијата eMarketer, бројот на корисници на Twitter оваа година би можел да се зголеми за 14%, додека пред неколку години таа бројка растеше и по 30%. Бројот на корисници на Twitter во моментов изнесува 302 милиони корисници, додека Facebook има околу 1,44 милијарди.
Уделот од 50,7 милијарди долари на американскиот пазар на дигитално огласување изнесува само 1,6%, додека во исто време нејголемиот конкурент Facebook го зголеми својот удел од 7,6 на 10,4%.
Поради овие причини бизнис резултатите на Twitter се слаби. Во првото тромесечие компанијата работеше со загуба од 162 милиони долари, 30 милиони поголема од истиот период лани. Поради тоа заминувањето на Costolo и не е толку неочекувано.
Twitter, кој на корисниците им овозможува праќање пораки од 140 знаци, а го користат политичари, познати естрадни ѕвезди, филмски актери и многу други, е основан во 2006 година. По почетниот силен успон, компанијата не успеа да ја постигне динамиката на Facebook, па промените на врвот се многу чести.
Двајцата соосновачи на Twitter, Jack Dorsey и Evan Williams, веќе беа извршни директори, a Dorsey сега порачува дека на тоа место ќе биде привремено и дека компанијата ќе постави човек кој секојдневно користи Twitter и го сака тој производ.