Skip to main content

Откриени првите детали на планот од Обама за борба против Исламската држава

Без двоумење се шири воената кампања против џихадистите

 |  инфодеск  | 

Американскиот претседател Барак Обама во своето обраќање на нацијата рекол дека САД ќе ја предводи широката коалиција на која цел ќе ѝ биде да ја ослабне, а потоа сосема да ја уништи Исламската држава. Во воената кампања нема да бидат вклучени копнени сили, туку САД ќе делува во соработка со западните сојузници и арапските држави.

“Антитеористичката кампања ќе ја предводиме цврсто и непопустливо со цел уништување на милитантите од ISIL каде и да се наоѓаат, користејќи ги нашите воздушни сили со поддршка на воените сили на нашите партнери на теренот”, рекол Обама.

“Нема да се двоумам да делуваме против IS во Сирија и Ирак”, рекол тој во својот говор кон нацијата. Тој не дал временска рамка за нападите, но анонимен извор рекол дека нема да има најави однапред за нападите.

“Нашата цел е јасна: да се ослабнат и накрајот да се уништат IS”, продолжил Обама, оценувајќи дека сунитските џихадисти кои отсекоа глави на двајца американски државјани, припаѓаат на организација која нема никаква друга визија освен да ги коле оние кои им се спротивставуваат.

Иако е потполно исклучено праќање на копнени сили, Обама потврдил дека во Ирак праќа додатни 475 воени советници за да помогнат на ирачките и курдските сили, како во опременоста, борбените формации така и во разузнувачкиот дел. Со тоа америкаската воена состојба во Ирак ќе порасне на 1.600 луѓе.

Обама, кој секогаш истакнувал дека сака да сврти страница на десетгодишните војувања, рекол дека новата воена кампања ќе се потпира на акции кои со години се спроведуваат против исламистите во Јемен и Сомалија, но и дека темелно ќе биде различна од војните во Афганистан и Ирак, кои ги покрена неговиот претходник Џорџ В. Буш.

По егзекуцијата на двајцата американски државјани, јавното мислење во САД драстично е сменето за заканата која ја претставуваат џихадистите. Анкетата која ја спровеле заедно Washington Post и ABC News покажале дека во овој момент воздушните напади ги поддржуваат две третини од Американците.

{loadposition content9}