Три лица загинаа, а уште две се повредени откако вооружен маж отвори оган во ресторанот за храна во трговскиот центар Гринвуд, Индијана, во САД соопшти полицијата.
Според полицијата неидентификуваниот напаѓач, возрасен маж, бил застрелан и убиен од легално вооружен 22-годишен маж кој бил присутен на местото на пукањето.
Меѓу погодените има едно машко и четири женски, вклучително и 12-годишно девојче чии родители ја донеле во болница со полесни повреди по пукањето.
Инцидентите со оружје во САД се зачестија, оваа година имало 350, според архивата за вооружено насилство.
Последни беа неодамнешните масакри во основното училиште во Увалде, Тексас и парадата на четврти јули во Хајленд Парк, Илиноис.