Пушете моркови
На затворниците во Нов Зеланд наскоро ќе им се нудат моркови за да им се помогне полесно да го надминат одвикнувањето од пушење, пишуваат локалните весници.
| Маја Савиќ | Свет
морков
Забраната за пушење во новозеландските затвори ќе стапи на сила од 1 јули. Во интерен извештај на затворот Инверкаргил, во јужниот дел од земјата, се наведува дека затворениците дневно ќе добиваат по две парчиња морков додека се одвикнат од пушење.
Претседателот на синдикатот на затворски чувари, Бивен Хенлон, за весникот „Саутленд тајмс“ рекол дека кога слушнал за проектот помислил дека е шега.
„ Не сум сигурен дека е тоа фантастична идеја, но зошто да не се обидеме“, рекол тој.
{loadposition content9}