Москва објави попис со имиња на европски политичари на кои им е забранет влез во Русија, рекол холандскиот премиер Mark Rutte, оценувајќи дека станува збор за реакција на европските санкции воведени по припојувањето на Крим во конфликтот на истокот од Украина.
“Русија вчера им испрати на некои амбасади попис на лица кои повеќе не ќе можат да влезат на руска територија”, рекол премиерот Rutte на конференција за новинари, додавајќи дека на тој попис се и тројца холандски парламентарци.
“Москва со листата од 80-90 имиња праќа одговор на санкциите и забраната за влез на европска територија воведена во март 2014 година за одредени руски државјани”, рекол Rutte.
Портпаролот на европската дипломатија изјавил за AFP дека Русија во последните месеци им забранила на некои европски политичари влез, но досега не сакала да го објави тој список.
На тој список е претседателот на либералната парламентарна група во Европскиот парламент и поранешен премиер на Белгија Guy Verhofstadt, рекол за AFP неговиот портпарол Jeroen Reijnen.
Рускиот список “не се темели на меѓународното право, не е транспарентен и не може да се оспорува (на суд)”, се пожалил Mark Rutte.