Професијата келнер е добро платена работа во Австрија, имајќи во предвид дека може да се отствари годишен бруто приход и во висина од 60.000 евра, покажала анализата на една консалтинг фирма за персонал.
Келнерите во гастрономските објекти како хотелите, рестораните, баровите и кафулињата се задолжени за услуги и совет, и на клиентите по прашањето на избор на јадење, пијалок а примаат и нарачки и наплатуваат. За оваа професија се потребни лица кои завршиле занает или стручно гастрономско училиште
Месечните примања на еден келнер се регулирани со колективен договор и тие изнесуваат 20.000 евра бруто износ на годишно ниво. Меѓутоа, секоја австриска покраина има свои посебно уредени услови кога се работи за овие договори.
Во виенските кафулиња и хотели, келнерите имаат фиксни месечни плати, како и во Долна и Горна Австрија и во Бургенланд. Во виенските ресторани и во Штаерска платите зависат од прометот, при што постои загарантиран минималец. Во Салзбург, Тирол, Форарлберг и Корушка постои можност да се избира помеѓу овие два системи.
При редовните плати, голема улога игра напојницата, а се проценува дека таа изнесува од 20 до 30 евра во деновите со помал промет, а во денови со повеќе работа изнесува помеѓу 50 и 70 евра, додека во некои случаеви и над 100 евра.
Проценката е дека се работи за солидно платена работа, со оглед дека напојниците можат да ја дуплираат платата на годишно ниво, и келнерите да отстварат годишни приходи и до 60.000 евра, што е повеќе од добра годишна заработка.
{loadposition content9}