Борбата со непријатниот мирис на пот трае уште од стариот Египет – Ублажувањето на мирисот под пазувите било потфат со кои се соочувале и старите Египќани, така што тие правеле миризлива вода конкретно наменета за ублажување на мирисот на пот. Првиот дезодоранс во продажба е пуштен во 1888 година и го носел името “Mum”, и се продавал како крема во тегличка и се нанесувал на прстите. Петнаесет години подоцна се појавил и првиот антиперспирант наречен “Everdry”.
Дезодорансот убива бактерии – Интересно е тоа дека потта е без мирис, а непријатен мирис се ствара поради бактериите кои ја разградуваат потта на кожата. Дезодорансите содржат некои антибактериски супстанци кои ја стопираат појавата на непријатен мирис.
Телото со време станува имуно на дезодоранси – Истражувањата покажале дека телото со тек на време не реагира на дезодоранс, поточно телото се прилагодува на начинот на кој дејствува дезодорансот и едноставно почнува да произведува повеќе пот во други жлезди. Затоа е пожелно дезодорансот да се менува на секои шест месеци.
Дезодорансот не разликува машка и женска кожа – Интерсно е тоа што иако жените имаат повеќе потни жлезди, сепак машките потни жлезди произведуваат повеќе пот. Што се однесува до составот на дезодорансот тој е идентичен во двата случаи, единствено аромите се прилагодени на полот на корисникот.
Тестот со восокот во ушите помага дали воопшто ви е потребен дезодоранс – Истражувањата покажале дека дека многумина немаат непријатен мирис при потење, додека кај некои воопшто не се ни чувствува. Едноставен начин со кој самите можеме да одредиме дали имаме потреба од дезодоранс е восокот во ушите. Имено, ако е тој темен и леплив тогаш дезодоранс е неопходен, додека белиот восок укажува дека нема потреба од дезодоранс.
Дезодорансот помага за тесни чевли – Доколку ве мачат тесни чевли, доволно е на болните места на кожата да нанесете малку дезодоранс. На овој начин помеѓу чевелот и ногата ќе се направи бариера доволна да ги направи чекорењата во нови чевли пријатни.
Дезодорансот не го запира процесот на потење – Запирањето на работата на потните жлезди на краток период се постигнува со честичките на алуминиум. Но, за да може некој антипреспирант да се рекламира како производ кој пружа целодневна нега, доволно е намалување на влажноста од 30 %.
{loadposition content9}