Како што пренесува Пинк а пишува B92, ракети со должина од 1,5 метри биле во просторот за багаж на авионот кој е на редовна линија на Air Serbia Бејрут-Белград.
Ракетите биле во сандаци и имале пропратна документација, а во склад со редовната процедура биле истоварени од авионот, но полициските кучиња го намирисале експлозивот.
Сандаците веднаш биле обезбедени и отворен е случај, а во тек е проверка на документацијата.
Авио-компанијата Air Serbia доцна синоќа соопштила дека тоа е карго пратка која се транспортира понатаму и дека компанијата помага во истрагата во врска со пратката.
“Потврдуваме дека е тоа карго пратка која се транспортира понатаму а која е идентификувана на белградскиот аеродром, благодарение на строгите мерки на безбедносната контрола” било соопштено на Танјуг од страна на Air Serbia.
“Авио-компанијата помага во истрагата. Безбедноста е основен приоритет на Air Serbia”, се додава во соопштението.