Skip to main content

Расмунсен во посета на Косово

Новиот генерален секретар на НАТО Андрес Фог Расмунсен денеска ќа престојува во посета на Приштина, каде ќе се сретне со претставници на косовските власти и на командата на КФОР.

 |  Крсте Голабовски  | 

Новиот генерален секретар на НАТО Андрес Фог Расмунсен денеска ќа престојува во посета на Приштина, каде ќе се сретне со претставници на косовските власти и на командата на КФОР.

Andres Fog RasmusenПредвидено е Расмунсен во Приштина да има средби со командантот на Меѓунардоните сили на Косово (КФОР), италијанскиот генерал Џузепе Емилио Гај, со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и со премиерот Хашим Тачи.
Покрај ова најавени се и разговори на првиот човек на НАТО и со косовскиот министер за безбедносните сили Фехми Мујота.

Според извори во Брисел, Расмунсен најверојатно во Приштина ќе најави намалување на припадниците на КФОР во текот на идната година од сегашните 13.829 на околу 10.000.
Косово е втор држава по Авганистан, што ја посетува Расмунсен од стапувањето на должноста генерален секретра на НАТО на 1август.



{loadposition content9}