Skip to main content

Видео: Расните конфликти се шират во САД

Двајца агенти на FBI се ранети

 |  инфодеск  | 

Двајца агенти на FBI се ранети во Ст.Луис откако на нив е пукано од една куќа. Нападот е поврзан со немирите во Фергусон, известува Reuters. Агентите биле пратени во Ст.Луис по дојавата дека едно лице се забарикадирало во една куќа. Нивните повреди не се опасни по живот.

Околу 2000 припадници на националната гарда се пратени на подрачјето на Ст.Луис за да помогнат на тамошната полиција во сузбивањето на нередите до кои дошло откако судот го ослободи од обвинението полицаецот Дарен Вилсон кој го уби ненаоружаниот тинејџер. Протестите се проширија во неколку градови во САД, а имаат обележја на расни конфликти со оглед на тоа дека полицаецот е белец а убиениот тинејџер црнец.

Полицијата известила дека се уапсени 44 лица, а сликите кои доаѓаат од Фергусон се апокалиптични; палежи, лути протестанти и стотици вооружени полицајци и војници.

Еден од шокантните моменти бил и оној кога полицајците фрлиле солзавец на протестанти кои носеле онесвестена жена, пишува Daily Mail.

“Жената има инфаркт! Жената има инфаркт! Треба помош!” викале протестантите кои на раце носеле жена без свест. Кога се приближиле до полицискиот кордон, каде сакале да ја однесат жената на сигурно, полицијата им наредила да се повлечат. Тогаш на нив фрлиле солзавец, по што протестантите почнале да бегаат. Протестантите тврдат дека биле гаѓани со гумени куршуми.

{loadposition content9}