Расте бројот на новинари кои отслужуваат затворска казна
Расте бројот на новинари во светот кои се осудени на казна затвор, се наведува во извештајот на Комитетот за заштита на новинарите (Committee to protect journalists) со седиште во Њујорк.
Расте бројот на новинари во светот кои се осудени на казна затвор, се наведува во извештајот на Комитетот за заштита на новинарите (Committee to protect journalists) со седиште во Њујорк.
Комитетот наведува дека до 1 декември во затвор биле 136 репортети, уредници и фоторепортери, што е за 11 новинари повеќе во споредба со мината година. Повеќе од половината осудени новинари работеле самостојно.
– Бројот на осудени новинари „фриленсери“ се зголемува бидејќи интернетот дозволува се поголем број новинари да работаат самостојно. Во исто време, повеќе медиумски куќи ангажираат самостојни новинари наместо дописници со цел да ги намалат трошоците. Помина времето кога новинарите се испраќаа во опасни мисии, а зад нив да стои нивната медиумаска куќа, изјави извршниот директор на Комитетот за заштита на новинарите , Џоел Сајмон.
ЦПЈ наведува дека годинава забележано е дека 68 новинари кои работеле за он-лајн изданијата биле во затвор, потоа 51 репортер, уредник и фоторепортер кои работеле за печатени медиуми. Останатите 17 осудени новинари работеле за радио и за телевизија.
Единаесер години по ред Кина е на прво место по затворени новинари (24), а пота следуваат Иран, Куба, Еритреја и Мјанмар.
Поголемиот број од 23 новинари во иранските затвори биле приведени за време на протестите против изборните резултати од претседателските избори што се одржаа во јуни.
Во Куба во затвор се 22 новинари од кои 20 се уапсени во 2003 година кога почна кампањата на Фидел Кастро против слободата на печатот. Во Еритреја затворска казна издржуваат 19 новинари, а во Мјанмар – девет.
Уште во 21 држава има затворени новинари, меѓу кои и во САД, каде пред повеќе од една година уапсен е ирачки новинар.
{loadposition content9}