Skip to main content

Расте бројот на жртвите од новиот птичји грип

САД ја следат будно состојбата со новиот вид на грип Н7N9 во Кина кој веќе зема пет жртви, изјави портпаролка на Белата куќа.

 |  Голабовски Крсте  | 
kokoski
кокошки

САД ја следат будно состојбата со новиот вид на грип Н7N9 во Кина кој веќе зема пет жртви, изјави портпаролка на Белата куќа.

лабораторијаВо Кина има 14 заразени со новиот тип на птичји грип, а четири од петте жртви починаа во Шангај.

Здравствените организации во држави од светот се во состојба на зголемена будност, но засега нема информации дека тој нов вид се пренесува од човек на човек.

– Тим за национална здравствена безбедност на Белата куќа ја следи ситуацијата, изјави портпаролката Кејтлилн Хејден. – Центарот за контрола на болести во САД се подготвени за помош на СЗО и на кинеското Министерство за здравство доколку тие побараат, изјави таа.

{loadposition content9}