Skip to main content

Расте бројот на загинати во пожарот во Ирак

Бројот на загинати во пожарот во ковид болницата во Ирак се зголеми на 66 лица, соопштија здравствените власти.

 |   | 

Најмалку 66 лица загинаа, а други 67 се повредени во пожарот што избувна синоќа на одделот за ковид пациенти во болницата Ал Хусеин во Насирија, јужен Ирак, соопштија локалните здравствени власти.

Премиерот Мустафа ал-Казими синоќа итно се состана со министрите и со безбедноста; службеници и им нареди да ги испитаат причините и последиците од пожарот, соопшти неговиот кабинет на Твитер. Се наведува дека директорот на болницата и шефот на цивилната одбрана на провинцијата ДиКар биле сослушани од полицијата. Според некои извори, пожарот бил предизвикан од експлозија на шише со кислород.

Во април, повеќе од 80 лица загинаа во слична трагедија во болница во Багдад кога пожар беше предизвикан исто така од експлозија на шише со кислород. Според информациите, од зградата што горелa биле евакуирани 20 пациенти.