Skip to main content

Во Нови Сад се санираат последиците од обилните врнежи

Расте нивото на реките, поплави во Србија

Две лица се повредени при невремето во Нови Сад, а во Коцељева поплавени се десетина куќи.
 |  инфодеск  | 
поплави во Србија

Обилните врнежи предизвикаа поплави во некои делови на Србија. На повеќе места интервенираа припадници на Министерството за внатрешни работи. Две лица се повредени при невремето во Нови Сад, а во Коцељева поплавени се десетина куќи.

Во моментов во Нови Сад се санираат последиците од обилните врнежи, но синоќешните сцени биле со целосно поплавени улици и автомобили во вода.

Инцидентот во кој две лица се повредени се случил под надвозникот на улицата „Партизанска“, кога возилото се заглавило во големо езерце, по што припадниците на МВР и пожарникарите морале да евакуираат две лица. Тие две лица се пожалиле на смрзнатини.

Потенцијално нови проблеми ги очекуваат жителите на Србија во одредени области. Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) предупреди дека нивото на водата на Сава кај Шабац утре, 19 мај, ќе ја надмине границата на редовна заштита од поплави.