Skip to main content

Разорен земјотред од 8,8 степени ги погоди ги погоди рускиот полуостров Камчатка и Јапонија

Камчатка и рускиот Далечен Исток се наоѓаат на Тихоокеанскиот огнен прстен, геолошки активен регион познат по силните земјотреси и вулкански ерупции.
 |  инфодеск  | 

Утрово силен земјотрес од 8,8 степени според Рихтер го погоди рускиот полуостров Камчатка и Јапонија, предизвикувајќи цунами од четири метри и евакуации во САД и Јапонија. Според Руската академија на науките, ова е најмоќниот земјотрес на Камчатка уште од 1952 година. Американскиот геолошки завод соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 19,3 км, на околу 125 км од Петропавловск, град со 165 000 жители на брегот на заливот Авача.

Научниците велат дека се очекуваат дополнителни потреси, кои би можеле да достигнат јачина до 7,5 степени. Силниот земјотрес бил проследен со најмалку шест последователни потреси, од кои еден со јачина од 6,9 степени, а друг од 6,3.

Руските власти прогласија вонредна состојба на северните Курилски Острови, кои веќе беа погодени од цунами брановите предизвикани од земјотресот што го потресе брегот на Пацификот, а 2 милиони жители на најголемиот дел од источниот брег на Јапонија добиле наредба за евакуација. о Хаваи, властите издале наредба крајбрежните жители да одат на повисоки места, на четврти кат или повисоко, а бродовите да се тргнат од пристаништата поради доближувањето на цунами.

Предупредувањето на американскиот центар за цунами добиле и жителите на крајбрежните области на Чиле, Костарика, Француска Полинезија и островот Гуам во Пацификот. Бранови до еден метар се можни и во Австралија, Кина, Перу, Колумбија, Мексико, Нов Зеланд и Тајван. САД издадоа предупредувања за западниот брег на Северна Америка и Калифорнија.