Skip to main content

Разорен земјотрес во Мјанмар, уништен голем дел од патната мрежа

Мајанмар утрово погоден од два разорни земјотреси од 7.7 и 7.1 степен според Рихтеровата скала.
 |  инфодеск  | 

Два разорни земјотреси утрово го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 33 километри југозападно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри. Вторниот земјотрес кој се случил по 12 минути е регистриран со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала. Бил на длабочина од 35 километри, 45 километри јужно од Мандалеј.

 Земјотресот бил многу силно почувствуван и во соседна Индија, но и во Тајланд.

Светските агенции јавуваат дека голем дел од патната мрежа во Мјанмар е уништена и не е безбедна за користење.

Засега нема информации за загинати, но според она што може да се види на снимките на социјалните мрежи во кои се уриваат цели згради, навестува дека има голем број жртви.

Хунтата во Мјанмар прогласи „вонредна состојба“ низ целото подрачје на центарот на земјата, вклучително и во вториот по големина град Мандалеј и главниот град Најпидау, а прогласена е „вонредна ситуација“ во регионите Сагаинг, Мандалеј, Баго и Магвеј, како и во источната држава Шан, јави Си-Ен-Ен. Големи делови од Мјанмар се уште се вон контрола на хунтата додека таа се бори со етничките бунтовнички групи и продемократските борци по преземањето на власта со државен удар во 2021 година. Мјанмар веќе е тешко погодена од тековните судири меѓу отпорот и воените власти.