Skip to main content

Како Шкотското “ДА” на референдумот ќе влијае на Европа

Спрема последните анкети неизвесно

 |  инфодеск  | 

Следниот четврток, на 18 септември, Шкотланѓаните со гласање ќе се изјаснат дали се за независност, а спрема последните анкети, “за” ќе гласаат повеќе од 50%. Ако Шкотланѓаните се одлучат за независност, тоа би можело да предизвика домино ефект за слични ситуации низ Европа, велат аналитичарите, а пренесува Business Insider.

Во Шпанија, на пример, се загрижени дека шкотскиот пример би можел да ги охрабри сепаратистите во Каталонија кои планираат референдум по истото прашање на 9 ноември, а шпанската влада тоа го третира како неуставно.

Геополитичкиот експерт Ian Bremmer, рекол дека не очекува позитивен резултат за независност во Шкотска, но, доколку тоа се случи ќе предизвика домино ефект за сите други.

“Ако тоа се случи, ризикот од зараза низ Европа е многу веројатен”, вели Bremmer.

“Другите држави ќе го следат со внимание однесувањето на европските институции и државите членки. Во Шпанија, премиерот и уставниот суд го отфрлиле сличниот референдум за Каталонија. Но, “да” во Шкотска ќе предизвика многу побурна атмосфера во Шпанија. По евентуалната независност на Шкотска, таа би станала пионер на трасирањето на патот за Каталонија”, објаснува Bremmer.

Освен Каталонија, тука е и сличното барање на Баскија во Шпанија, барањето на Фламанците во Белгија, а на ум треба да се има и Венеција во Италија. Сите тие би можеле да го следат примерот на Шкотска и да побараат независност многу погласно од досега. Ова значи дека по прогласување на независност, сите тие би требало одново да бараат прием во Европската унија. Меѓутоа, влез во ЕУ мора да го одобрат сите членки на унијата, а прашање е дали нивните бивши држави тоа би го одобриле.

{loadposition content9}