Новиот флексибилен телефон под името ReFlex би можел да го смени начинот на кој се користат денес паметните телефони.
Овој телефон користи флексибилни сензори кои ги контролираат функциите на апликациите, додека истовремено низ деталните вибрации ја симулира физичката сила.
ReFlex го развиле научници од Универзитетот Queens, а спрема нивните зборови овие свиткувачки телефони во комерцијална употреба би можеле да се најдат за пет години.
Една од прикажаните функции на овој телефон е листање на страници на виртуелна книга кога екранот се свиткува. ReFlex ќе се разликува и во јачината со која се свиткува па страниците на книгата ќе се листаат побрзо ако телефонот се свитка повеќе, а благодарение на деталните вибрации корисниците ќе го чувствуваат листањето на прстите.
Овој паметен телефон користи LG Display Flexible OLED екран, како и Android 4.4 KitKat.
На следниот линк може да се види како функционира ReFlex.